Денес во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, во просториите на Роднокрајното одделение „Ацо Шопов“, се одржа литературно читање и стручно излагање посветено на ликот и делото на нашиот истакнат поет Ацо Шопов.
Настанот се реализираше по повод 44 години од неговата смрт, во присуство на професори, ученици и љубители на литературата, кои имаа можност да се доближат до творештвото и значењето на Шопов во македонската книжевност. Особена вредност на настанот дадоа учениците од основните и средните училишта, кои читаа извадоци од делата на Шопов, внесувајќи свежина и емоција во интерпретацијата на неговото творештво.
На 6 април, пред многубројната публика во салата за промоции, беше промовирана најновата книга на нашиот сограѓанин проф. д-р Андон Мајхошев „Македонка“ – од отворање до затворање, пропратена со изложба на фотографии од работењето и постоењето на овој текстилен гигант во нашиот град.
Со проектот "Книга до инвалидизирани и изнемоштени лица", финансиски подржан од Министерството за култура и туризам на Р.С.М, библиотеката веќе дванаесет години ја прави книгата достапна и до оваа целна група.
Од 1967 година наваму, 2 април – роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, се смета за Меѓународен ден на детската литература, кој се слави за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип, финансирана од Министерсто за култура и туризам на Македонија, веќе 11 години го имплементира вечерниот настан „Ноќ со Андерсен“ со програма која вклучува едукација, забава, креативност и целовечерно дружење.
Двојазичната сликовница "Кога ќе пораснам и јас сакам да бидам како Карло" од авторката Десанка Николова и илустраторката Сара Каурин, а во издание на ЗХ"Либертас", повторно упешно беше преставена пред тамошната публика и дечиња. Настанот беше реализиран во соработка со Училишната библиотека при ООУ"Невена Георгиева-Дуња"од Скопје и е уштена потврда дека библиотеките и книгите градат мостови на пријателства и трајни вредности.