Денес во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа промоцијата на книгите „Светот на аутизмот“ и „Ангелот по име Аутизам“ од авторката Амела Мемиш Апостоловска, настан посветен на подигање на свеста, разбирањето и емпатијата кон лицата со аутизам.
По повод Меѓународниот ден на жената, во библиотеката се одржа настан исполнет со едукација, креативност и убави пораки.
Најмладите гости, учениците од второ одделение од ООУ „Ванчо Прќе“ – Штип, заедно со наставничката Горица Бораниска, учествуваа во креативна работилница, каде преку цртежи и пораки ја искажаа својата љубов и благодарност кон мајките, наставничките и сите жени.
Со голема радост и гордост ги пречекавме учениците од основните и средните училишта кои преку поезија ја споделија својата емоција, талент и љубов кон литературата, а настанот беше збогатен со прекрасна музичка програма што внесе топлина и посебна атмосфера.
Во рамки на настанот, им беа доделени благодарници и подароци – книги по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги, како симбол на знаење, внимание и поттик за уште многу прочитани страници. Овие подароци ја истакнуваат важноста на читањето и љубовта кон книгата.