Денес не посетија учениците од четврто одделение од ООУ „Славејко Арсов“, љубопитни, насмеани и подготвени да научат нешто повеќе за светот на книгите. Овие посети се вистински потсетник колку е важно уште од најмала возраст да се негува љубовта кон читањето и знаењето.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со @acshtip организираше креативен настан по повод Ноќта на вештерките, посветен на изработка и декорација на тикви.
На 22 и 24.10.2025 година се реализираше проектот „Децата со посебни потреби во општеството“, финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Проектот имаше за цел да ја поттикне инклузијата, да ја зајакне свеста за еднаквост и да го унапреди процесот на образование и социјализација на децата со посебни образовни потреби.