• 1

Соопштенија

  • Пријава за митровденски средби 2026 година +

    Линк за симнување на пријавата Прочитај повеќе
  • ОДЛУКА за избор на работници по објавен оглас за вработување на неопределено време бр.01/2026 од 11.05.2026 година +

    ОДЛУКА за избор на работници… Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 +

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА… Прочитај повеќе
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ +

    ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани корисници, Ве информираме дека… Прочитај повеќе
  • Јавен оглас БР.02/2025 за вработување на неопределено работно време +

    Во прилог го имате целиот… Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
› ‹
Оваа недела книжевните авантури со дечињата од ЈОУДГ "Вера Циривири-Трена" го заокруживме со големата група од објект "Пчелка".
Разговараме за книгите, се запознаа со библиотеката и како се позајмува книга, како се станува член во библиотека.

По повод празникот Митровден, кој ја носи симболиката на духовната традиција, истрајноста и почитта кон наследството, како и 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, ден исполнет со историско значење и гордост за нашиот град, на 6 ноември, во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, по 25-ти пат се одржаа „Митровденските средби на доктори на науки“. Два значајни датуми што ги обединуваат духовното и историското наследство на Штип, а оваа манифестација ја надополнува нивната симболика со вредностите на знаењето, науката и образованието – темелите врз кои се гради иднината.

Во Националната установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип беше промовирана публикацијата „Роднокрајни приказни од библиотеката“ од нашите колеги Јована Рилак и Тодор Џидров, посветена на собирањето, документирањето и афирмацијата на роднокрајното културно наследство.

Преку интересна презентација на шпанско јазичните земји, дружење и учење на нови зборови на шпански јазик, децата имаа можност да откријат дел од богатството и разновидноста на овој културен простор. Работилниците ги заокруживме со дегустација на традиционални шпански јадења, што овозможи ова патување да го доживеат и преку вкусовите.

Вечерва во преполната сала за промоции во библиотеката, во позитивна и емотивна атмосфера, беше промовирано првото книжевно дело на младиот автор, Бојан Ристески, романот со наслов "Пред да заминам".
Свои инспиративни излагања имаа двете промоторки проф.Валентина Ташкова и проф. Цеце Видова Трајческа.