Со поздравен говор, форумот го отвори Јудит Геренчер, заменик директор на Националната библиотека ,,Сечени” центар за јавни збирки при Унгарскиот Национален Музеј.
Претпоздравен говор одржаа и Н.Е. Гонг Тао, вонреден и ополномоштен амбасадор НС Н.Р. Кина во Унгарија и д-р Адам Имре, заменик секретар во Министерство за Надворешни работи и Трговија.
Вчера, во рамките на Неделата на детето, во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа првата промоција на третата книга на младата авторка Драгана Рајкова, ученичка од ОУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово.
Промотор на книгата беше поетесата и рецензентка Десанка Николова, која со топли зборови го претстави творештвото на младата авторка.
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2025“
ПОТРЕБНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОМОЦИЈАТА НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „24.МИТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ – ШТИП, 2025“
НУ-УБ „Гоце Делчев“-Штип и оваа година ги организира традиционалните, 24.по ред, „Митровденски средби на доктори на науки од Штип, 2025“, на кои на свечен начин пред пошироката јавност, ќе бидат промовирани новите доктори на науки од Штип, кои со овој највисок научен степен се имаат стекнато во периодот од 09.11.2024 до 25.10.2025 год. Исклучок ќе биде направен за лица кои докторирале пред наведениот период, а од оправдани причини не биле промовирани на истава манифестација.