По повод празникот Митровден, кој ја носи симболиката на духовната традиција, истрајноста и почитта кон наследството, како и 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, ден исполнет со историско значење и гордост за нашиот град, на 6 ноември, во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, по 25-ти пат се одржаа „Митровденските средби на доктори на науки“. Два значајни датуми што ги обединуваат духовното и историското наследство на Штип, а оваа манифестација ја надополнува нивната симболика со вредностите на знаењето, науката и образованието – темелите врз кои се гради иднината.
Во Националната установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип беше промовирана публикацијата „Роднокрајни приказни од библиотеката“ од нашите колеги Јована Рилак и Тодор Џидров, посветена на собирањето, документирањето и афирмацијата на роднокрајното културно наследство.
Преку интересна презентација на шпанско јазичните земји, дружење и учење на нови зборови на шпански јазик, децата имаа можност да откријат дел од богатството и разновидноста на овој културен простор. Работилниците ги заокруживме со дегустација на традиционални шпански јадења, што овозможи ова патување да го доживеат и преку вкусовите.
Вечерва во преполната сала за промоции во библиотеката, во позитивна и емотивна атмосфера, беше промовирано првото книжевно дело на младиот автор, Бојан Ристески, романот со наслов "Пред да заминам".
Свои инспиративни излагања имаа двете промоторки проф.Валентина Ташкова и проф. Цеце Видова Трајческа.