Во организација на библиотеката денес ја промовиравме втората книга на Мила Кралева, млад роднокраен автор
На 5 јуни во Струмица се одржа советување на тема „Библиотеката – темел на писменоста“, настан кој ги обедини воспитно-образовните работници, библиотекарите и стручната јавност околу актуелната тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“. Преку предавања, дискусии и размена на искуства беше истакната важноста на читањето, библиотеките и книгата во развојот на младите генерации.
Конференцијата е од меѓународен карактер и на неа земаа учество претставници од шест странски земји: Република Србија, Република Хрватска, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Литванија и Република Српска, како и бројни гости од нашата држава.
НУ-УБ „Гоце Делчев"-Штип имаше четири претставници кои презентираа свои стручни трудови на повеќе теми: