На 2 и 3 април 2026 година, во хотел „Оаза“ – Штип, НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип со поддршка од Министерството за култура и туризам, успешно ја реализираше дводневната обука „Инклузија – предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“, посветена на унапредување на знаењата и вештините за работа со лица со попреченост.
На обуката учествуваа директори и библиотекари од повеќе библиотеки од различни градови во Македонија, како и воспитувачи, наставници и образовни асистенти од општина Штип, кои преку предавања, практични примери и размена на искуства имаа можност да ги зајакнат своите професионални компетенции во областа на инклузијата.
ЗХ "Либертас" по повод 15 години од постоењето, вчера во салата за промоции во библиотеката одржаа "Ден за благодарност", со цел да искажат благодарност на сите соработници (установи и поединци) кои сите овие години биле поддршка во реализација на нивните програмски активности, симболично со доделување на плакети.
Националната установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип организира општински натпревар „Млади библиотекари – Штип 2026“, наменет за учениците од 8 и 9 одделение од основните училишта во општина Штип.
Честит 21 Март - Светски ден на поезијата, која обединува луѓе, нации, култури, етникуми и гради систем на трајни вредности.
Библиотеката, по тој повод на 19.03 2026 во локалот "Only Fools and Horses - bar and gril", во соработка со Академија "Еуроарт", единаесетти пат по ред ја реализираше манифестацијата "Плати кафе со поезија".