По повод празникот Митровден, кој ја носи симболиката на духовната традиција, истрајноста и почитта кон наследството, како и 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, ден исполнет со историско значење и гордост за нашиот град, на 6 ноември, во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, по 25-ти пат се одржаа „Митровденските средби на доктори на науки“. Два значајни датуми што ги обединуваат духовното и историското наследство на Штип, а оваа манифестација ја надополнува нивната симболика со вредностите на знаењето, науката и образованието – темелите врз кои се гради иднината.
Оваа година им оддадовме признание на деветмина нови доктори на науки од Штип, со што бројот на докторирани кои досега биле промовирани во рамките на манифестацијата достигна 167.
Како институција што го носи името на Гоце Делчев, библиотеката со особена чест ја продолжува оваа традиција, потврдувајќи ја својата улога во негувањето на научната мисла и зачувувањето на духовното и културното богатство.
Искрени честитки до новите доктори на науки за нивниот труд, посветеност и истрајност, како и благодарност до нивните промотори и ментори.
Посебна благодарност до Општина Штип за континуираната поддршка и придонесот во реализацијата на манифестацијата, како и до сите соработници кои помагаат оваа традиција да продолжи.
Честит Митровден и нека ни е честит 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип!







ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека