Во Националната установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип беше промовирана публикацијата „Роднокрајни приказни од библиотеката“ од нашите колеги Јована Рилак и Тодор Џидров, посветена на собирањето, документирањето и афирмацијата на роднокрајното културно наследство.
Зачувувањето и заштитата на пишаното и културното наследство претставуваат значаен дел од мисијата на нашата библиотека. Преку ваквите изданија, сведоштвата од минатото го добиваат своето заслужено место во сегашноста и стануваат достапни за идните генерации.
Оваа публикација е уште еден придонес кон зачувувањето на колективната меморија на нашиот крај, но и поттик за нови истражувања и откривања.
Нашата желба е ова издание да не остане единствено, туку да добие продолжение со нови приказни, документи и сведоштва кои заслужуваат да бидат сочувани од заборав.
Благодарност до авторите и до сите кои придонесоа за реализацијата на ова издание, како и до присутните кои со своето внимание ја споделија оваа приказна со нас.
Книгата не знае за смрт – таа му дава трајност на она што времето не смее да го избрише.



ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека