Во рамките на проектот „Патувања низ културите – Македонија и Шпанија“, имавме чест да ја посетиме Националната библиотека на Каталонија – Biblioteca de Catalunya, една од најзначајните културни и научни институции во регионот.
Сместена во историскиот комплекс на поранешната болница Hospital de la Santa Creu, чија историја датира од почетокот на XV век, библиотеката претставува извонреден спој на културно наследство, архитектура и современа библиотечна дејност. Особено значаен историски факт е што токму во оваа болница во 1926 година бил лекуван големиот каталонски архитект Антони Гауди, откако бил удрен од трамвај. Тука ги поминал и последните денови од својот живот, што на овој објект му дава дополнителна културна и историска вредност.
За време на посетата, имавме задоволство да бидеме примени и стручно водени од страна на Maria Sudurni Lopez, која нѐ запозна со историјатот на институцијата, нејзината организациска поставеност, стручните активности и современите практики во управувањето, зачувувањето и овозможувањето пристап до богатото библиотечно и документарно наследство. Воедно, ни беше овозможено непосредно да се запознаеме со работата на различните оддели, депоата за чување на библиотечниот материјал, процесите на дигитализација и дигитално зачувување, како и со обработката и архивирањето на вредните збирки.
Особено впечатлив беше начинот на кој современите технологии се применуваат во заштитата и достапноста на културното наследство, создавајќи успешен спој меѓу традицијата и дигиталната иднина.
Посетата претставуваше значајна можност за размена на знаења, искуства и добри практики во областа на библиотечната дејност, дигитализацијата и заштитата на културното наследство.
Упатуваме искрена благодарност до Maria Sudurni Lopez и Националната библиотека на Каталонија за топлото гостопримство, споделеното знаење и можноста одблиску да се запознаеме со работата на оваа реномирана институција.





ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека