• 1

Соопштенија

  • Пријава за митровденски средби 2026 година +

    Линк за симнување на пријавата Прочитај повеќе
  • ОДЛУКА за избор на работници по објавен оглас за вработување на неопределено време бр.01/2026 од 11.05.2026 година +

    ОДЛУКА за избор на работници… Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 +

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА… Прочитај повеќе
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ +

    ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани корисници, Ве информираме дека… Прочитај повеќе
  • Јавен оглас БР.02/2025 за вработување на неопределено работно време +

    Во прилог го имате целиот… Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
› ‹
Денес во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа промоцијата на книгите „Светот на аутизмот“ и „Ангелот по име Аутизам“ од авторката Амела Мемиш Апостоловска, настан посветен на подигање на свеста, разбирањето и емпатијата кон лицата со аутизам.

 

Преку искрени разговори, споделени искуства и силни пораки, потсетивме дека аутизмот не е тема само за едно семејство, туку тема за целото општество. Секое дете заслужува да биде прифатено, разбрано и поддржано. Книгите нè учат дека различностите не треба да нè разделуваат, туку да нè научат да бидеме подобри луѓе, со повеќе трпение, повеќе разбирање и повеќе љубов.
Посебна благодарност до авторката за нејзината посветеност, храброст и искреност преку кои ги споделува своите искуства и знаења. Со своите книги таа отвора важни теми, гради мостови на разбирање и дава значаен придонес кон подигање на свеста за аутизмот и создавање на похумано и подобро утре.
Голема благодарност и до милото детенце Леон, кој е главната инспирација и најголемиот „виновник“ за создавањето на овие книги, потсетник дека зад секоја силна приказна стои едно големо срце.
Благодарност до сите присутни кои со своето присуство испратија силна порака дека заедно можеме да изградиме поинклузивно општество.
Книгите „Светот на аутизмот“ и „Ангелот по име Аутизам“ можете да ги најдете и на полиците во нашата библиотека.
 
653843193_1356534009836657_6972944247488959740_n.jpg
 
649280057_1356534249836633_2819971244636004786_n.jpg
 
651272586_1356533916503333_5174675909708089680_n.jpg