Од 1967 година наваму, 2 април – роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, се смета за Меѓународен ден на детската литература, кој се слави за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги.
НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип, финансирана од Министерсто за култура и туризам на Македонија, веќе 11 години го имплементира вечерниот настан „Ноќ со Андерсен“ со програма која вклучува едукација, забава, креативност и целовечерно дружење.
Голема благодарност до сите пет основни училишта кои номинираа ученици, како и нивните родители, но и вработените во библиотеката заедно со актерот Милорад Ангелов, кои го направија вечерниот настан интересен и незборавен на децата.
По прикажување на претходни искуства од 2014 година до сега, следуваше забава со Кахут квиз, потоа учениците го проследија анимираниот филм според истоимената бајка на Андерсен „Девојчето со кибритчињата“, а потоа направија драматизација со помош на актерот. Бајката ја составија според своите фантазии за среќен крај, цртаа и креираа свои бајки и уживаа во заедничка вечера и освежување. На крај Караоке шоу - „Секој мора да пее...“ и заминување...






ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека