Денес во НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, во просториите на Роднокрајното одделение „Ацо Шопов“, се одржа литературно читање и стручно излагање посветено на ликот и делото на нашиот истакнат поет Ацо Шопов.
Настанот се реализираше по повод 44 години од неговата смрт, во присуство на професори, ученици и љубители на литературата, кои имаа можност да се доближат до творештвото и значењето на Шопов во македонската книжевност. Особена вредност на настанот дадоа учениците од основните и средните училишта, кои читаа извадоци од делата на Шопов, внесувајќи свежина и емоција во интерпретацијата на неговото творештво.
Свое стручно излагање имаше проф. Маријана Василева, професор по македонски јазик во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, која на инспиративен начин, преку критички осврт на делата на Ацо Шопов, овозможи подлабоко разбирање на нивната уметничка и општествена вредност.
Благодарност до сите присутни што беа дел од ова литературно доживување.






ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека