• 1

Соопштенија

  • Пријава за митровденски средби 2026 година +

    Линк за симнување на пријавата Прочитај повеќе
  • ОДЛУКА за избор на работници по објавен оглас за вработување на неопределено време бр.01/2026 од 11.05.2026 година +

    ОДЛУКА за избор на работници… Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 +

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА… Прочитај повеќе
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ +

    ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани корисници, Ве информираме дека… Прочитај повеќе
  • Јавен оглас БР.02/2025 за вработување на неопределено работно време +

    Во прилог го имате целиот… Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
› ‹
На 6 април, пред многубројната публика во салата за промоции, беше промовирана најновата книга на нашиот сограѓанин проф. д-р Андон Мајхошев „Македонка“ – од отворање до затворање, пропратена со изложба на фотографии од работењето и постоењето на овој текстилен гигант во нашиот град.

 

Книгата претставува уште еден бисер од герданот на Роднокрајното одделение при библиотеката – значаен извор на информации и сведоштво за духот на едно време, во кое „Македонка“ не е само работно место, туку комплексен систем во кој се интегрира целокупниот социјален живот на своите вработени.
Промотори и рецензенти на книгата се проф. д-р Билјана Тодорова, декан на Правниот факултет при УГД, и проф. д-р Страшко Стојановски, продекан на истиот факултет. Делови од книгата читаше Љубица Жежова, студентка на Правниот факултет. Настанот го модерираше студентката на истиот факултет Мелани Иванова.
Од име на библиотеката, за значењето на оваа публикација се обрати Тодор Џидров, библиотекар во Роднокрајното одделение.
 
 
666709558_1373457558144302_4893670496994815053_n.jpg
 
668187899_1373458028144255_9155637401209393602_n.jpg
 
663265895_1373457601477631_5260721251573360732_n.jpg
 
663343184_1373457638144294_823015774437373076_n.jpg
 
667576562_1373457738144284_3720660719014716148_n.jpg
 
667042415_1373457928144265_6861754245876985036_n.jpg
 
667296246_1373457954810929_4305992156359847923_n.jpg