Денес, во пресрет на 24 Мај - Ден на словенската писменост и св.браќа Кирил и Методиј, библиотечниот простор во салата за промоции, пулсираше во знакот на писменоста, уметноста, креативноста и тоа визуелно и духовно.
Денес беа доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен награден конкурс на тема "Св.браќа Кирил и Методиј -наша светлина и аманет", како завршна манифистација во рамки на проектот "24 Мај - ден на сесловенската писменост".
Словото на овие апостоли денес беше преточено во стихови, зборови и креативни дела од младите учесници од основните и средни училишта и светлината стана посилна а аманетот зачуван.
24 Мај - Ден на словенската писменост и во чест на големите учители св.браќа Кирил и Методиј, денес во библиотеката со активот на првоодделенците Б смена при ООУ " Ванчо Прке", имавме весела, книжевна, едукативна и интерактивна работилница низ која ги водеа проф. д-р Ана Витанова - Рингачева, авторка на најновата книга за деца Аз и Буки од планетата Азбука и м- р Сузана Мицева, кои на
Во рамки на проектните активности во чест 24 Мај - Ден на словенската писменост, се одржа инклузивна работилница на која учествуваа ученици од СОУ " Славчо Стојменски" под менторство на проф. Сара Петров, ДСУ "Искра" и членови на ЦПЛИП "Порака".
Сите заедно ги изработија буквите К за Кирил и М за Методиј, со мозаик техника, учителите кои ја дадоа светлината во очите на целиот словенски народ.