Активностите во рамки на проектот "24 Мај- Ден на сесловенските просветители, св.браќа Кирил и Методиј", ги започнавме со книжевно- креативна работилница со учениците од ПУ"Тошо Арсов" од н.Македонка кои дојдоа во посета на библиотеката, со наставничката Даниела Иванова и Ивана Костадинова.
Од 14-16 мај, 2025 г. во Велес, се одржа 5 - та Меѓународна Конференција на Библиотекари на тема ,,Услуга за корисници со посебни потреби и лица со попреченост''.
Претставници од нашата библиотека беа Ирена Тонева и Билјана Миладинова
Претставници од нашата библиотека ја посетија годинешната манифестација – Саемот на книга, со цел постојано да бидеме во чекор со најновите изданија и книжевни трендови.
Еден јазик живее се додека се зборува, твори, се пишува со него.
Токму денешниот 5 Мај - Денот на нашиот македонски јазик и азбука, го одбележавме со одложената манифестација "Плати кафе со поезија", каде учениците од основните и средни училишта, професори, библиотекари, своето испиено кафе го платија со убаво напишани стихови, на убавиот, наш македонски јазик.