Во работна посета на Општина Штип и на НУ-УБ „Гоце Делчев“ денес престојуваше Министерката за култура на Р.М, Елизабета Канческа-Милевска. Таа беше информирана од страна на директорката, м-р Милена Ристова-Михајловска за сите преземени активности во библиотеката, вклучително и за инвестициите кои се направени во изминатите неколку месеци.

Таа го разгледа ново-конструираниот амфитеатар пред библиотеката, Студентската читална а беше и на отворањето на вториот есенски саем на книгата кој денес и утре се оддржува во библиотеката. Исто така запознаена и со проектот кој во овој момент се зпроведува, за адаптација на руинираната зграда на некогашната детска амбасада која ќе биде претворена во вечерна читална за студентите.

Министерката изрази задоволство од преземаните активности и реализарините проекти и најави понатамошна поддршка на библиотеката. Воедно и беше врачена благодарница за сиот ангажман и поддршка кое преку Министерството го дава на локалната самоуправа и на библиотеката.







Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит и Здружението КУРС од Сплит спроведуваат заедничка културно-уметничка соработка во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2016. Тие ќе го претстават програмот „СМОШ-Фестивал на книжевност и музика“ во три града во Македонија, Охрид, Штип и Скопје.
Проектот има за цел културно поврзување на Македонија и Хрватска и продлабочување на нивните пријателски врски истиот се организира во соработка со Општина Штип и НУУБ „Гоце Делчев“

Вчера беше направено претставување во Штип во НУ-УБ „Гоце Делчев“. На манифестацијата беа претставени две содржини: „Клинци-Мандолинци“ и Книжевност во живо со сплитските писателки Тонка Алуевиќ и Слободанка Џуџерија а како модератор на истите се јави штипскиот писател Трајче Кацаров.

Клинци-Мандолинци ги сочинуваат Никола Митревски, Мате Кошутник (мандолина), Јероним Башиќ (мандола), Бригита Бановиќ (мандолончело) и Иван Новаковиќ (гитара) кои исполнуваат Македонски и Хрватски традиционални народни песни и кои дејствуваат веќе три години како дел од МКД „Македонија“ од Сплит под водство на професорот Ивана Кенк Калебиќ. На средбата свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев и директорката на библиотеката Милена Ристова-Михајловска.

Претставници на НУ-УБ „Гоце Делчев“ на 27 и 28 октомври присуствуваа на саемот на книга во белград. Средба со заменик-директорката и со лицата одговорни за меѓународна соработка и дигитализација при Народната библиотека на Србија, посета на Градската библиотека во Белград, средба со заменик-директорот на Универзитетската библиотека во Белград, интервју за Српската научна телевизија, се само дел од активностите што ги имаше делегацијата од Штипската библиотека во посета на Р. Србија.

Со предлози за понатамошна меѓународна соработка, беа продлабочени официјалните односи, при кое беше и конкретно договорено и учество на претставници од НУ-УБ „Гоце Делчев“ - Штип на Меѓународна конференција во 2017 година во Белград и вклучување на библиотекарски трудови во Меѓународното е-списание „Медиевал“ што за прв пат оваа година го издава Штипската библиотека.

Претставниците од Штип присуствуваа и на предавање за развој на дигитализацијата во библиотекарството, одржано во рамки на 61. Меѓународен саем на книга во Белград а директорката на библиотеката Милена Ристова-Михајловска имаше интервју во живо во емисија на Српска научна телевизија.



„Весела среда“ се повеќе се покажува како успешна содржина на НУУБ „Гоце Делчев“.На пример, денес наша цел повторно беше ширење на љубов кон книгата, преку заедничко дружење и ликовно изразување.

Нашите ученици од ПОУ "Ванчо Прке" од Ново Село изработија цртежи со книги и прочитаа по неколку редови од нашите убави книги. Секоја среда, со нова содржина се обидуваме да го прошириме убавиот збор за книгата и да ги научиме децата, уште од најмала возраст да разберат дека книгата може да биде добар и траен сопатник од кој може да се научи речиси се за животот.

Македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит и Здружението КУРС од Сплит спроведуваат заедничка културно-уметничка соработка во периодот од 28 октомври до 1 ноември 2016. Тие ќе го претстават програмот „СМОШ-Фестивал на книжевност и музика“ во три града во Македонија, Охрид, Штип и Скопје.
Проектот има за цел културно поврзување на Македонија и Хрватска и продлабочување на нивните пријателски врски.

На 30 октомври 2016 предвидено е претставување во Штип во НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип со почеток во 18:00 часот. На манифестацијата ќе се претстават „Клинци-Мандолинци“, Книжевност во живо со сплитските писателки Тонка Алуевиќ и Слободанка Џуџерија.
Клинци-Мандолинци ги сочинуваат Никола Митревски, Мате Кошутник (мандолина), Јероним Башиќ (мандола), Бригита Бановиќ (мандолончело) и Иван Новаковиќ (гитара) кои исполнуваат Македонски и Хрватски традиционални народни песни и кои дејствуваат веќе три години како дел од МКД „Македонија“ од Сплит под водство на професорот Ивана Кенк Калебиќ.