• 1

Соопштенија

  • Пријава за митровденски средби 2026 година +

    Линк за симнување на пријавата Прочитај повеќе
  • ОДЛУКА за избор на работници по објавен оглас за вработување на неопределено време бр.01/2026 од 11.05.2026 година +

    ОДЛУКА за избор на работници… Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 +

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА… Прочитај повеќе
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ +

    ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани корисници, Ве информираме дека… Прочитај повеќе
  • Јавен оглас БР.02/2025 за вработување на неопределено работно време +

    Во прилог го имате целиот… Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
› ‹

Од 25-28 ноември 2016 во Софија, Р Бугарија се одржа втората средба на мрежата на иноватори од јавни библиотеки од 11 држави кои расправаа за постигнувањата во последната година и јакнењето на мрежата. Средбата е организирана во рамките на проектот ИНЕЛИ Балкан, од страна на грчката библиотечна асоцијација Future Library во соработка со Бугарската библиотечна и информациска асоцијација и Фондацијата Глобални библиотеки Бугарија.

средба3

За време на четиридневното дружење подготвена беше богата едукативна програма и активности кои имаа за цел да ја нагласат работата и потенцијалот на мрежата. Исто така беа откриени победниците на Наградите за иновации што го означи почетокот на пет нови проекти. Пред сè, тоа покажа богатство на автентични идеи, допирање на нови области на влијание, надминување на границите на академски дисциплини и сектори на економијата и правење на библиотеки како составен дел од развојот на цели заедници. Новиот дизајн е доказ на мултипликаторски ефект на мрежата и ќе биде тестиран во однос на  постојните балкански библиотечни иницијативи, како виртуелна младинската академија за 3D печатење, услуги за земјоделски работници, услуги за финансиско управување, стабилна програми за дигитализација, доживотно образование, борбата против невработеноста, урбаната и рурална изолација, нова технологија, услуги во библиотеките погодени од природни катастрофи и војни и многу повеќе.

средба2 средба1
Во проектот ИНЕЛИ Балкан (International Network of Emerging Library Innovators in Balkan region) вклучени се 33 иноватори од 11 држави: Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово Албанија и Романија. Амбасадoр на проектот во Македонија е Иванка Соколова, претседател на Здружението за развој и иновации на библиотеки и три библиотекари - иноватори: Вилма Јованова НУ УБ „Гоце Делчев“ Штип, Биљана Кочишка од Градска библиотека Скопје и Катерина Данаилова од Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино.

Претставници од НУ-УБ ,,Гоце Делчев" - Штип деновиве се присутни на Меѓународната конференција ,,Cobiss 2016" во Марибор, Словенија.

Во рамки на Конференцијата имаат можност да добијат повеќе информации за надградената cobiss-платформа што за најмногу 6 месеци ќе почне да функционира во Македонија, но и да се стекнат знаења за најновите техники за дигитализација со кои се развива библиотекарството во светот.

maribor1

Номинирани и избрани како претставници од Штип на оваа конференција се директорката, Милена Ристова-Михајловска, и библиотекарите, Сашко Неделков и Ирена Јорданова.

На оваа студиска посета, директорката Ристова-Михајловска оствари посети и официјални средби со претставници од Униветзитетската библиотека во Марибор и Библиотеката на Филозофскиот, Педагошкиот и Правниот факултет.

maribor4

Конференцијата се одржува еднаш во две години и на истата во изминатиот период како претставници од Библиотеката имаат учествувано: Благица Спиридонова, Жаклина Петрушева, Драган Ѓорѓиев, Вилма Јованова, Охридија Лазарова и други.

maribor2

maribor3

Библиотеката - мост за поврзување на лицата со посебни потреби со културните установи и културните содржини...

Во НУУБ „Гоце Делчев“ се оддржа изложба на цртежи и ракотворби на лицата од Центарот за грижа на лица со интелектуални попреченост ,,Порака" и Здружението ,,Цивитас" во соработка со Библиотеката и уште еден доказ дека уметноста не познава ниту граници ниту препреки.

civitas2

Благодарност до Центарот ,,Порака", Здружението ,,Цивитас", до Мартин Ѓорѓиев, Милан Андонов, Соња Манева, Сашо Антонов, Драган Ѓорѓиев... и сите деца, лица, родители и посетители кои беа дел од овие уникатни креации...

civitas3

Ние продолжуваме со нашите активности за нудење услуги на сите целни групи без исклучок за што имаме максимална иницијативност и поддршка од директорката на Библиотеката и вработените кои несебично помагаат со нивното мото „Сите деца се исти со срца чисти“.

Новиот француски амбасадор во Македонија, Кристијан Тимониер денес престојуваше во посета на Општина Штип. Тој прво имаше средба со градоначалникот на Штип, по што ја посети и библиотека. Целта на посетата е воспоставување на потесна соработка и отворање на можности за проекти, во кои Франција преку амбасадата би помогнала во промоција на француискиот јазик и збогатување на книжевниот фонд со нови француски наслови.

francus amb4

При тоа, амбасадорот Тимониер ја разгледа библиотеката и беше запознаен со активностите и начинот на работа, од страна на директорката м-р Милена Ристова-Михајловска. Тој со вработените разговараше за францускиот јазик, за студентскиот интерес, за книгите на француски јазик вклучително и за постарите наслови а покажа и интерес за интензивирање на соработката.

francus amb2 francus amb5

francus amb1

nagradi6

По повод 8 ноември - денот на ослободувањето на Штип, денес во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ беа промовирани доктори на науки кои докторирале во изминатата година. Голем дел од промовираните се веќе кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“. Промовирани беа:

доц. д-р Афродита Зенделска – доктор на технички науки;
доц. д-р Гордана Камчева – доктор на медицински науки;
доц. д-р Дарко Арнаудовски – доктор на медицински науки;
д-р Емилија Здравева-Лежаиќ – доктор на технолошки науки;
доц. д-р Соња Николова – доктор на историски науки;
доц. д-р Страхил Газепов – доктор на медицински науки;
д-р Христина Серафимовска – доктор на економски науки;
доц. д-р Викторија Максимова – доктор на биотехнички науки;
доц. д-р Стојанче Мијалковски – доктор на технички науки;
асс. д-р Ленче Насев – доктор од областа на музичка педагогија;
доц. д-р Данче Василева – доктор на науки по кинезитерапија.

nagradi5

Некои од промовираните доктори на науки ги истакнаа своите полиња на специјализација и ја истакнаа важноста на проблематиката во која докторирале. Некои од нив докторирале на Универзитетот „Гоце Делчев“, но некои и во универзитети надвор од Штип и од Македонија.Ректорот на Универзитетот проф. д-р Блажо Боев истакна дека Универзитетот е отворен за новите доктори на науки.

nagradi7

- Универзитетот е отворена структура за сите кои мислат дека можат да дадат придонес за него и да создаде услови за развој. Јас како ректор ја поддржувам таа активност до крајни граници и секој млад човек кој има стекнато добро образование на кој било добар универзитет има место на УГД. Ова е одлична традиција на Штип и сигурно со овие доктори на науки се менува и градот 

nagradi4

На промоцијата на докторите на науки ѝ претходеше доделување на признанијата „8 ноември“, кои меѓу другите им припадна и на уметниците од Универзитетот „Гоце Делчев“ на дуото „Грациозо“. Дуото е составено од д-р Невенка Дуковска, која е дел од УГД и м-р Кристина Палија.

По повод доделување на признанието за 8 ноеври директорот на сите вработени им додели Благодарници „за посебен придонес во развојот на установата преку професионалното работење и посветениот ангажман, на патот до добивање на признанието 8 Ноември“.

nagradi1

nagradi2

награди10