Денес се одбележува, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, да се потсетиме на потешкотиите со кои се соочуваат овие луѓе, и нивните потреби во остварување на правата за инклузивност во општеството.
Луѓето со попречености треба да ги уживаат поддеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку вредни, почитувани или вклучени во секојдневните општествени случувања. Напротив, и покрај бариерите со кои секојдневно се соочуваат, тие се тука меѓу нас, нивниот глас се слуша а нивниот труд се вреднува.
Библиотеката со реализација на повеќе проекти, наменети за оваа целна група, во текот на целата година, не само што ја прави книгата достапна до нив, ги вклучува во своите културни активности се со цел да им го збогати секојдневието со нови содржини и ги промовира нивните креативни и творечки вештини.
На 2 декември, заедно со ученици од ООУ „Гоце Делчев“- Штип, одржавме инклузивна, книжевно-креативна работилници во ЦПЛИП „ПОРАКА“, се со цел да кај младите равиеме емпатија, љубов, разбирање и прифаќање на различностите а членовите на центарот имаа убав и исполнет и поразличен ден.
Посебностите се ретки, затоа треба да ги чуваме и учиме од нив.




ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека