Денес ја реализиравме последната активност по повод Месецот на книгата во соработка со НУ-УБиблиотека,, Гоце Делчев " од Штип. Упатуваме благодарност до библиотекарите Соња Манева, Билјана Миладинова и Тодор Џидров кои преку презентации на учениците од предметна настава им ја доближија книгата.
Активноста се состоеше од три дела.
Библиотекарот Тодор Џидров преку презентација ги запозна учениците со поимот Роднокрајно одделение, важноста и улогата на истото за општествениот и културниот живот на Штип, посебно истакнувајќи дека ваквото одделение е важно за сите средини.
За споредба на книгата во печатена форма со е-книгата, предностите и слабостите зборуваше библиотекар Соња Манева која преку презентација ја истакна разликата, претставувајќи разни активности.
Библиотекар Билјана Миладинова ги воведе учениците во користењето и пребарувањето на Cobiss апликацијата за полесно пронаоѓање на библиотечната граѓа.
Едночасовната активност на крајот ја заокружиме со впечатоците од наученото и заклучокот дека сепак книгата ни го открива светот и нѐ води низ животот.
Како подарок за нашата училишна библиотека добивме книги од НУ-УБиблиотека ,, Гоце Делчев " од Штип.



ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека