"Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не не' оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме."
Петре М. Андреевски
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој оваа година се одбележува 25 година по ред се со цел да се промовира лингвистичката и културна разновидност и да се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик, беше одбележан и во нашата библиотека и тоа со книжевен перформанс, ставајќи акцент на нашиот македонски јазик но и јазици на другите припадници во заедницата и на светските јазици кои се изучуваат кај нас, подготвен од професорите и учениците од ООУ "Гоце Делчев".
Беседа за јазикот беше прочитана од страна на дипломираниот проф. по македонски јазик Ване Дериволов а песни на српски и влашки јазик читаа Ема Рилак и Александар Ташков.
Потоа беа прогласени и доделени дипломи и книги на рекордери читатели за 2024г. кои се најголеми негувачи н македонскиот литературен јазик и тоа:
Во категорија деца наградени беа, Леона Пуздерлиска, Благоја Милев, Ангела Панева, Теа Тимова, Тома Митев, Анастасија Данилова, Елена Трајчова, Дора Милева, Александра Даниловска и Јована Митева.
Во категорија возрасни прогласени беа:
Апостолова Виолета, Христовски Игор, Тасева Милена Арсова Благица, Зуламова Габриела и Топликлиева Љубинка.
Нека ни е честит и вековит нашиот убав македонски јазик.























ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека