Зборови преточени во љубов, љубов преточена во зборови во најубавите љубовни писма застапени во литературата , нешто што во време на интернетот и социјални мрежи е веќе заборевно.
Токму затоа денешниот ден кога се слави љубовта, виното но за нас Ден на љубители на библиотеки и дарување на книги го посветивме на "Најубавите љубовни писма во литературата", преставени од страна на ученици од средните и основните училишта.
Свој осврт за пишувасето писма и нивната уметничка и емотивна вредност даде проф.д-р Ана Витанова Рингачева.
На сите училишни библиотеки им подаривме книги кои ќе можат да ги користат учениците.
Токму преку вакви настани имаме цел кај младите да потикнуваме вистински вредности, љубов кон книгите и пишаниот збор и навики за честа посета на библиотеки.
Ова е време за сите, особено за групи за поддршка на библиотеките, да ја препознаат вредноста на библиотеките и да работат за да обезбедат библиотеките да продолжат да служат на корисниците во заедницата. Библиотеката е многу повеќе од место за позајмување книги или за проучување. Библиотеките нудат образовни, граѓански и забавни програми и продолжуваат да играат важна улога во локалните заедници.




















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека