Денес 20.05.2022г со децата од Едуктивниот центар „SMART AND HAPPI KIDS“, се одржа третата работилница во рамки на Проектот „24 Мај - Ден на сесловенските браќа св. Кирил и Методиј“ на која ги
препознаваа, ги изговараа буквите, ги пишуваа и старословенските букви, со креда во боја дворот на библиотекатаа го украсија со напишани букви и сето тоа го работеа со голем интерес, радост и во исто време учеа и ги развиваа и креативните вештини. Денес е и„ Ден на пчелите“ и со децата разговаравме за нивното значење, придобивките кои ги имамае од нив и потребата од нивна заштита за да го спасиме светот. Им беше прочитано четиво од книгитте во библиотеката на тема пчела.
Со реализација на вакви проекти и активности наменети за најмалите, како библиотека ќе продолжиме и понатаму а притоа остварувајќи и ја својата образовна- воспитна улога.





ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека