На ден 21.12.2023г се реализираше книжевниот настан "За роднокраецот Шопов", на кој беа доделени наградите од распишаниот литературен конкурс за песна и есеј на тема "Шопов за некогаш и за сега" по повод 100 години од неговото раѓање.
На ден 15.12.2023г, ликот и делото на Ацо Шопов беа повторно причина за уште едно книжевно дружење, овојпат со Здружението на просветни работници литературни творци од Македонија.
Почитувани, вечерва во рамки на меѓународниот фестивал “Јаков од Камена Река” имавме чест од страна на организаторите да примиме признание за најмногу издадени книги од македонски писатели во 2023 година.