Со голема благодарност и гордост го споделуваме прекрасното доживување од музичкиот перформанс „Пееме за Гоце Делчев – великанот роден за да нѐ учи и води“, одржан по повод 154 години од раѓањето на Гоце Делчев во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип.
Настанот беше исполнет со емоција, талент и искрена почит кон ликот и делото на нашиот великан, благодарение на извонредните музички изведби на учениците од: ООУ „Ванчо Прќе“, ООУ „Славејко Арсов“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Тошо Арсов“, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, ЦПЛИП „Порака“ и Арабеск - центар за балетска уметност.
Упатуваме искрена благодарност до сите млади изведувачи кои со својата музика нѐ допреа и инспирираа, како и до нивните ментори и музички педагози, за посветената работа, поддршката и љубовта кон уметноста и културата.
Благодарност и до сите присутни кои со своето присуство дадоа значење на овој свечен момент и помогнаа заеднички да го зачуваме споменот и вредностите што ни ги остави Гоце Делчев.
Библиотеката останува простор каде историјата, младите и културата се среќаваат и создаваат иднина.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека