Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип во склоп на Штипско културно лето 2025, одржа промоција на монографските публикации
„ШТИП И ШТИПЈАНИ ВО ДНЕВНИТЕ ВЕСНИЦИ И СПИСАНИЈА“
за 2022, 2023 и 2024 год. дополнети изданија на книгата „Штип и штипјани во дневните весници и списанија“ , продолженија на изданието од 2017 година. Оваа библиографија го документира Штип и неговите жители низ македонските медиуми, нудејќи увид во историјата, културата и секојдневието на градот.
Новите изданија за 2022, 2023 и 2024 година се проширени со актуелни податоци, фокусирајќи се на последните неколку години, во кои Штип продолжува да се афирмира како важен центар во Република Македонија. Овие дела не се само библиографски записи, туку и хроника на заедницата, наменета за истражувачи, историчари и сите оние кои го ценат значењето на локалната историја. Изданијата нудат уникатен увид во развојот на градот низ призмата на медиумите, истакнувајќи ги успесите, предизвиците и приказните на неговите жители. Со ова, книгата станува неизоставен извор за идните генерации и поттик за понатамошно истражување на богатото наследство на Штип.




ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека