И вториот ден од Зимската школа БИБЛИОАРТ 2025 имаше многу забавни активности во Библиотеката.
Учесниците изработија додекаедрон -календар од 12 месеци
, помогнати од Михаела и тимот на Библиотеката што ја спроведува школата. Потоа креираа свои бајки и фантазии на веќе даден пример реченица, која ја надополнуваа според своите имагинации, искуства од книги и приказни.
КАХУТ Квизот повторно предизвика најголема радост и натпреварувачки дух кај учесниците. Преку игра научија многу за Македонија, интересни факти од светот и географија, а на крај сите беа победници во знаењето кое го усвоија додека играа.
Завршната активност и денес беа игрите и сетовите за забава во соработка со Американското Катче.











ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека