Нашите библиотекари претставници на Р.С.Македонија на значајна конференција во Љубљана!
Библиотеката Отон Жупанчич Љубљана, беше домаќин на 22. меѓународна конференција на патувачки библиотеки, на која се отворија прашања за важноста на патувачките библиотеки во современото општество и можностите за нивен понатамошен развој преку размена на знаења и искуства.
На конференцијата, која се одржа на 16 и 17 мај, учествуваа предавачи од словенечки и странски патувачки библиотеки, вклучувајќи ги и библиотеките од Велика Британија, Унгарија, Португалија, Шведска, Хрватска, Србија, Холандија, Шпанија, Северна Македонија, Литванија и Бугарија. Беа презентирани интересни проекти за корисниците што ги реализираат во нивниот библиотечен простор, развојот и организацијата на мрежата на нивните постројки, начините на работа на патувачките библиотекари кои се разликуваат од работата на библиотекарите во библиотеката.
За прв пат работата на нашата библиотека беше претставена од страна на м-р Јована Рилак, Тодор Џидров и Драган Ѓоргиев со стручен труд и презентација.
















ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека