Ден 17.01.2024г, беше ден посветен на неговото височество-читателот.
Во салата за промоции на библиотеката беа прогласени рекордери читатели за 2023г.
во категории деца и возрасни и им беа доделени дипломи и секако книга како еден вид потврда и награда а се надеваме дека ќе бидат потик и за останатите читатели за почеста посета на библиотеката и дружба со книгата.
Изборот беше направен врз основа на евиденцијата кои се води на примоиздајните одделенија од страна на вработените библиотекари Сузана, Стојче, Валентина и Гордана.
Во категоријат деца наградени беа:
Срна Иванова, Симон Крупишки, Елена Трајчова, Филип Рунтев, Лазар Берков и Александра Даниловска со најмногу изнајмени и прочитани книги во категорија од предучилишна до девето одделение.
Во категорија возрасни наградени беа:
Ѓоргиева Снежана, Темов Ѓорги, Мачевска Олгица, Велинова Силвана, Шикоска Марина, Карагунова Виолета и Рибарев Владо и тоа во категории средношколци, студенти, вработени, пензионери.
Настанот е дел од Годишната програма за работа а подржан од Министерството за култура на Р.С.М.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека