На 6.12.203 год. во посета на НУ-УБ "Гоце Делчев" ни беше Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Поминавме убави моменти во разглед на сето она што го нуди нашата Библиотека и во разговор ги презентиравме сите досегашни реализирани проекти од областа на литературата и културата.
Од наша страна беа предложени низа идеи и инфраструктурни проекти за кои се надеваме дека во иднина ќе добиеме финансиска подршка за нивна реализација со што работењето во нашата Библиотека ќе го подигнеме на уште повисоко ниво од она на кое што сме денес.
Ние пред себе имаме една цел,а наша должност е да ја исполниме истата...Пишаниот збор да биде достапен за сите наши сограѓани,секогаш и во секое време.
Ваша и наша Национална установа - Универзитетска библиотека "Гоце Делчев" -Штип.




ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека