Национална установа – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип, во склоп на Програмата за работа во 2023 година реализираше проект
„Подобрување на комуникациските вештини на библиотекарите“. Преку дводневна обука која се одржа на 8 и 9 јуни во Хотел ОАЗА во Штип, библиотекарите имаа можност да се едуцираат како да ги подобрат вештините на комуникација: библиотекар-корисник; меѓусебна комуникација и тимска работа, како и преку практични примери да споделат информации и знаење околу поефикасно библиотечно работење и воведување програмски содржини со различни категории корисници. Предавачи беа библиотекари со догогодишно менаџерско и библиотечно искуство: Јелена Петровска од НУ-У Б „Св.Климент Охридски“- Битола и Розита Петринска Голубовиќ, од Библиотеката при ФЕИТ Скопје.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека