Денес 24.04.2023г.во салата за промоции на библиотеката беа доделени наградите од распишаниот Меѓуопштински литературен конкурс по повод 23 Април - Светски ден на книгата и авторското право.
На почетокот пред присутните беа прочитани пораките за 23 Април и тоа од г-ѓа Одре Азуле, генерален секретар на УНЕСКО и од проф д-р Ана Стојановска од страна на Мелани Иванова и Соња Дончова ученички во СОУ "Славчо Стојменски".
Потоа беа доделени наградите во сите категории и присутните ги слушнаа чистите и искрени пораки на учениците за една поубава иднина.
Честитки до наградените и сите пријавени учесници и до нивните професори -ментори, а библиотеката ќе продолжи со вакви активности за потикнување и негување на творечката мисла и градење љубов кон книгата и пишаниот збор.
Настанот е дел од годишната програма за работа на библиотеката а финансиски подржан од Министерството за култура на Р.С.Македонија.












ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека