о пресрет на најубавиот христијански празник Велигден, на ден 12.04.2023г штипската читачка публика имаше можност да ужива во едно убаво книжевно-литературно дружење со ИК. Збор, со книгите од нивната издавачка продукција и нивните авторки.
Пред штипската публика се преставија шест македонски авторки и тоа:
Силвана Панева, наша роднокрајна авторка со книгата „Храброста на жената“, Александра Андреева со поетската збирка „Боја во сето сино“, Ивана Глоѓуновска со автобиографската книга со наслов „Молкот на Страдањето“, Десанка Николова со поетска збирка „Бесконечно: Анатомија на страста“, Елена Симоновска со најновата книга со наслов „Кула од карти“ и Емилија Златкова Анастасова со најновата книга "Невообичаен Велигден".
Настанот го модерираше библиотекарката Соња Манева.
Библиотеката секогаш ќе биде подршка во промоцијата на дела од македонски автори и ќе го потикнува читањето на македонски автори.









ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека