• 1

Соопштенија

  • Пријава за митровденски средби 2026 година +

    Линк за симнување на пријавата Прочитај повеќе
  • ОДЛУКА за избор на работници по објавен оглас за вработување на неопределено време бр.01/2026 од 11.05.2026 година +

    ОДЛУКА за избор на работници… Прочитај повеќе
  • ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 +

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БР. 01/2026 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА… Прочитај повеќе
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ +

    ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани корисници, Ве информираме дека… Прочитај повеќе
  • Јавен оглас БР.02/2025 за вработување на неопределено работно време +

    Во прилог го имате целиот… Прочитај повеќе
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
› ‹
Денес 19.04.2023г.во ЛБ"Гоце Делчев" во Велес се одржа прекрасен литературно-книжевен настан посветен на нашиот роднокраен поет Ацо Шопов.
Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска која истакна дека се почестени што се домаќини на ваков значаен настан и дека соработките помеѓу културните и образовните установи треба да се развива и негува се со цел за културно и образовно надградување на младите.
Библиотекарката Соња Манева ги запозна со активностите во рамки на Манифестацијата "Денови на Шопов" која во библиотеката се реализира веќе седма година по ред во чест на овој значаен роднокраен поет.
Тодор Џидров-библиотекар во Роднокрајното одделение во библиотеката кое со гордост го носи неговото име, ги запозна присутните со најзначајни податоци за него.
Д-р Јованка Денкова, професор на Катедрата по македонски јазик и книжевност -Филолошки факултет при УГД, даде стручен автобиографски осврт кон неговиот лик и дело.
Антонела Митева ученичка од ПСУ "САБА" во Штип четврта година ги разбранува чувствата кај сите присутни со интерпретацијата на песната од Шопов со наслов "Старо купувам" и ја презентираше својата изработена презентација за Шопов.Таа е пример за тоа дека делото и ликот на Шопов е инспирација и кај младите и дека има доследни почитувачи и следбеници.
Настанот беше збогатен со читање на негови стихови од средношколци од сите училишта во градот.
Благодарност да целиот тим вработени во ЛБ "Гоце Делчев" во Велес, посебно до директорката Снежана Бошевска, пред се за поканата, за топлото гостопримство и можноста да се релизира овој убав културен настан.
 
341519720_616882573680959_8913960669877347293_n.jpg341522414_753798502854327_8807286186425807461_n.jpg
 
342173515_631076032375064_6423096834653400223_n.jpg
 
342428881_1303804380210168_8937123891454734624_n.jpg
 
342408509_1389587095232457_6033406038756658917_n.jpg
 
342219469_596837105839474_1457055340506064655_n.jpg
 
342210247_1630567557389919_261553721579042679_n.jpg342208411_612499637427200_5794712695196889061_n.jpg
 
342207107_1302118550653648_8552117213522675300_n.jpg
 
342200360_1450122402191965_5064151192045763967_n.jpg
 
342181307_751362933127229_1156081790380571604_n.jpg