На ден 17.03.2023г во преполната сала за промоции на библиотеката и во една прекрасна атмосфера се одржа промоцијата на книгата со наслов "Папокот на светлината" од почитуваниот и познат македонски автор проф.д-р Венко Андоновски.
За книгата и авторот говореа м-р Трајче Кацаров наш роднокраен автор и Винка Саздова, авторка и основач на И.Ц.Три во чие издание е книгата.
Авторот со своето обраќање особено со пораките до младите беше како светлина која ги осветли сите присутни.
Настанот е во рамки на проектот "Во чест на поетот Ацо Шопов", во годината кога одбележуваме 100 години од неговото раѓање а подржан од Министерството за култура на Р.С.М.










ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека