21 Февруари-Денот на мајчиниот јазик го одбележавме со промоција на поетската стихозбирка „Шаренолики воздишки“, првенче на младата и надежна авторка Милена Милародава, промоција која ги разбранува чувствата и ги исполни срцата на сите присутни.
Како рецезенти а воедно и промотори кој говореа пред присутните ја имаа честа нејзината професорка од основно училиште Милкица Миленковиќ, професорката која моментално ја учи, надградува во средното медицинско училиште Валентина Бочварска која ќе истакне дека со вакви дела „Младите не само што даваат пример како се сака своето дома, тука стануваат амбасдаори на македонштината низ светот...“.
Во одсуство на третиот рецензент и нејзин најголем мотивтор, подржувач за да се издаде оваа книга д-р Милена Ристова - Михајловска, истата беше прочитана од Ребека Спасова. Стихови од стихозбирката читаа членови на книжевно-креативниот центар при Академија „Еуроарт“, која е и издавач на истата и каде членува и самата авторка.
Стиховите беа пропратени со нежните звуци од гитара во изведба на Филип и Божидар, ученици од СОУ „Славчо Стојменски“.













ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека