„Жените се најголемиот недопрен резервоар со талент во светот“- позната мисла на Хилари Клинтон, беше називот на ликовната изложба на дела на жени- уметници од Штип која се одржа на 05.03.2020 во салата за промоции на библиотеката во рамки на активностите за одбележување на Денот на жената и беше уште еден настан за паметење организиран од библиотеката и ЗХ - Либертас од Штип.
Со свои дела се преставија уметничките - Нада Крум Накова, Голуба Хилјадникова, Елизабета Папарова, Лена Ѓуриќ и младата Сара Петров. За уметничките дела свое видување даде промоторот Петре Колев- ликовен уметник и педагог. За музичката точка се погрижија ученички од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“. Настанот беше збогатен и со адуио интерпретација на песна за Жена од Ацо Шопов и Мајка во интерпретација на Раде Шербеџија. Публиката низ оваа убава приказна ги водеше Јуле Малинова - новинар.
На изложбата се преставија и учениците од Арт Смарт - школата за цртање и сликање која одржува во библиотеката под менторство на младата уметничка Сара Петров и на присутните жени им подарија свои творби.







ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
Почитувани корисници, Ве информираме дека