ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ДОКТОРИ НА НАУКИ ОД ШТИП – УЧЕСНИЦИ НА „МИТРОВДЕНСКИСРЕДБИ НА ДОКТОРИ НА НАУКИ, 2021“
Почитувани корисници, ве известуваме дека и оваа година во рамки на Годишната програма за работа на библиотеката од областа на Европски интеграции
Почитувани граѓани,читатели, посетители Нацонална Установа –Универзитетска Библиотека„ Гоце Делчев„ – Штип овозможи електронско пријавување на мито и корупција.
Анонимноста и дискрецијата на корисниците е важен услов за граѓаните, читателите,посетителите да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.
Воедно, граѓаните ќе може да поднесат пријава анонимно по електронски пат преку веб-страницата или со испраќање e-mail на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Заинтересираните службеници и граѓани можат да контактираат и со овластеното лице за заштитено внатрешно пријавување Маја Роглева Тодоровска – Советник за административни општи и правни работи на следниот контакт
е-пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .
Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против корупцијата.
По повод 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право
НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ - Штип
распишува
МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН
НАГРАДЕН КОНКУРС
ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ
- Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат жителите на општините Штип и Карбинци;
- литературните творби се доставуваат под шифра, на адреса: Национална Установа - Универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, ул. Вита Поп Јорданова бр. 5 Штип со назнака - За награден конкурс;
- заедно со творбата, се доставува и решение на шифрата (авторот), со неговата адреса, училиште, ментор и телефонски број, која се става во помало залепено плико;
- за сите учесници темата е:
„УМОТ ЦАРУВA, КНИГАТА ГО ХРАНИ“;
- се препорачува организирано учество на Конкурсот на учениците со своите творби од основните и средните училишта;
- се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во три конкуренции:
а) за ученици од 1-5 одд.,
б) за ученици од 6-9 одд.
в) за останати учесници (средношколци,студенти, работници...).
Конкурсот трае од 01.05.2020 до 24.05.2020 год.
Резултатите ќе бидат објавени, а наградите доделени во просториите на Библиотеката.
Во Штип 30.04.2020 год. | од Конкурсната комисија |