По повод 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право
НУ-УБиблиотека „Гоце Делчев“ - Штип
распишува
МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН
НАГРАДЕН КОНКУРС
ЗА ПЕСНА И КРАТОК РАСКАЗ
- Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат жителите на општините Штип и Карбинци;
- литературните творби се доставуваат под шифра, на адреса: Национална Установа - Универзитетска Библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, ул. Вита Поп Јорданова бр. 5 Штип со назнака - За награден конкурс;
- заедно со творбата, се доставува и решение на шифрата (авторот), со неговата адреса, училиште, ментор и телефонски број, која се става во помало залепено плико;
- за сите учесници темата е:
„УМОТ ЦАРУВA, КНИГАТА ГО ХРАНИ“;
- се препорачува организирано учество на Конкурсот на учениците со своите творби од основните и средните училишта;
- се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во три конкуренции:
а) за ученици од 1-5 одд.,
б) за ученици од 6-9 одд.
в) за останати учесници (средношколци,студенти, работници...).
Конкурсот трае од 01.05.2020 до 24.05.2020 год.
Резултатите ќе бидат објавени, а наградите доделени во просториите на Библиотеката.
Во Штип 30.04.2020 год. | од Конкурсната комисија |