На ден 26.05.2023г беше одбележан - Денот на државноста на Република Хрватска
, со изложба на уметнички слики, со музика, поезија и со шолја топол чај.
Со свои уметнички дела беа застапени Сара Каурин, дипломиран ликовен уметник, Станка Вујовиќ, Гордана Гуњова, Баже Лазарев, Катица Трајкова, Дарко Трајков, Розета Кангалова, Стојанче Трајков на кој уметноста и сликањето им е хоби но делата оставија силен впечаток кај сите присутни.
Со интерпретација на песни од Ацо Шопов и Тин Ујевиќ, на хрватски јазик настанот го збогати Антонела Митева, матурантка од ПСУ САБА.
Со пребувавите изведби на песни на хрватски и македонски од страна на "Градски хор Штип 2019, направија настанот да биде посебно убав и празник за сите присутни.
На крај сите присутни можеа да уживаат во изложбата со шолја топол чај.
Настанот е во организација на Заедницата на хрватите "Либертас" од Штип и ЗГ "Градски хор Штип 2019" а како резултат на добрата и континуирана соработка со библиотеката.










