Денот на мајката го одбележавме во втората недела на месец мај и тоа на ден 10.05.2023г
со првата самостојна изложба на уметнички дела на нашата сограѓанка, мајка на две ќерки м-р Јулија Атанасова.
За изработката на своите дела таа користи природни матерјали, камен и школки и со нејзината креативност и љубов со која ги изработува стануваат приказни кои носат радост на сите оние за кои се наменети.
Со музички точки изведени на виолина настанот го збогатија Иван Богатинов и Дијана Данилова ученици од ДМУ "Сергеј Михајлов" под менторство на проф. Златко Панов.
Најубави текстови од литературата за мајката читаа ученици од ООУ"Димитар Влахов" и тоа Теа Беркова, Христина Митовска, Мила Штериева и Божјидар Зафиров под менторство на проф. Марија Иванова.
Изложбата беше продажна и од хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за учениците со попреченост од ДСУ "Искра" каде работи и авторката како психолог.







