Од одржаната промоција и споделени радости на илустрираната збирка на раскази за деца „БОРКО БРЗОЗБОРКО“ од авторката Ксенија Маказлиева - Трајчева на 03.11.2021г.
Оваа книга за деца е направена од рубрики во детските списанија Другарче и Росица во кој авторката се јавува и како уредник.
д-р Ана Витанова Рингачева даде свое видување за значењето на овие списанија во растењето и созревањето на децата и ги престави и трите книги кои се настанати на тој начин „Календар на детството“ од Киро Донев „ Насмеани стихови“ ос Сузана Мицева и „Детето со ѕвезда на челото“ во која ја има улогата на приредувач.
Промотор на книгата беше Гордана Здравкоска.
Драматизацијата на расказот „Борко брзозборко“ беше од страна на младите литерати и книжевници од Академијата „Еуроарт“.
Интервјуто во живо со авторката за нејзино преставување пред публиката беше во реализација на Верица Милорадова и Милена Тасева.
Промотивното обраќање на д-р Милена Ристова - Михајловска го прочита Марјана Николова.
Во ликовната работилница на тема „Негативните и позитивните емоции низ цртеж“ (инспирароно од расказот „Избриши ја тагата, нацртај насмевка“) учествуваа ученици од V-2 одд. од ООУ „Тошо Арсов“со наставничката Сунчица Ташкова.
Настанот е и во рамки на проектот „Француски учиме, македонски читаме-култура спојуваме и развиваме“.



