21 Март - Светски ден на поезијата одбележан со литературно - поетско читање на поезија од Ацо Шопов, наш роднокраен поет во чест на 100 - годишнината од неговото раѓање.
Стиховите на Шопов во интерпретација на ученици од основните и средните училишта, ги разбрануваа чувствата на присутните .
Во чест на великанот на македонската литерура и култура се чествуваше и во седиштето на УНЕСКО во Париз.
Објавена е антологиската песна "Љубов" од поетската книга " Ветрот носи убаво време", која сега за прв пат е достапна во превод на француски.







По поетското читање во библиотеката, се прикличивме кон глобалното прославување на поезијта "Плати кафе со поезија" во "Only Fools and Horses pub - bar&gril", со книжевен собир на ученици, студенти, професори, библиотекари, кој своето испиено кафе го платија со прекрасни напишани стихови со кои испратија моќни пораки
Наградите во категорија средношколци ги освоија
Искра Постолова прво место, Мелани Иванова второ и Јована Илиевска трето место.
Во категорија основци наградите ги освоија Анастасија Атанасова за прво место, Тамара Накова второ и Викторија Јанковска трето место.
Благодарност до сите учесници кои направија да денот биде посебен.










